За нас

КРИН ПРОИЗВОДСТВО ДОО е компанија основана во 1994 година. Во текот на повеќе децениското постоење, прерасна во една од водечките компании за преработка на природен камен во регионот. Технолошки компанијата располага со целосно затворен високо-софистициран процес на преработка за природен камен, од фаза на суров блок до финален производ, кој во континуитет се обновува и усовршува.

 

Стручниот кадар и технологија во функција овозможуваат процесирање и преработка на сите типови на базалти, гранити, мермери, оникси, травертини, кварцити и други типови на природен камен. Производната палета ја сочинуваат компјутерски процесирани скулптури од најразличен тип како технолошки најспецифични, најразлични типови на масиви и профилации, релјефи, столбови, капители, фонтани, фасади, плоштади, скали, интарзии, камени медаљони, масивни кади, лавабоа итн.

 

КРИН ПРОИЗВОДСТВО ДОО е модерно организирана компанија, која има потенцијал да одговори и на најспецифичните барања за производи од природен камен, со беспрекорен квалитет и прецизност.

Инспирирани од природата...